недела, 15 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Забрчанец: Сите изведувачи знаеја дека ќе настапат на прослава по повод поканата на НАТО

Забрчанец: Сите изведувачи знаеја дека ќе настапат на прослава по повод поканата на НАТО

Македонија и граѓаните со право, гордо и чесно ќе го прослават историскиот успех, поканата за членство во НАТО и датумот за преговори за членство во ЕУ, пишува Макфакс.

Да, ова се историски успеси, ова се победи за демократијата во Македонија и заслужуваат прослава како никогаш до сега. Кога ако не сега?“ напиша на „Фејсбук“ Марјан Забрчанец, советник за односи со јавност во Владата.
Тој вели дека ова не се настани како тие на ВМРО-ДПМНЕ, кога, како што додава, единствената намера била да се мобилизира партиска поддршка и да се манипулира со граѓаните.

Тој потенцира дека сите изведувачи имале потпишано договор со Владата на кој експлицитно стои за каков настан станува збор, односно дека тие ќе настапат на музички настан по повод поканата на НАТО за членство на земјата во алијансата.

Македонија и граѓаните со право, гордо и чесно ќе го прослават историскиот успех, поканата за членство во НАТО и датумот…

Posted by Marjan Zabrcanec on Friday, July 13, 2018

Коментари

коментари