четврток, 21 ноември, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Балканот се обединува: Хрватите навиваат за Ѓоковиќ, Новак со поддршка за Модриќ, Ракитиќ и дружината

Балканот се обединува: Хрватите навиваат за Ѓоковиќ, Новак со поддршка за Модриќ, Ракитиќ и дружината

Спортот го обедини Балканот. Само така може да се коментира успехот односно поддршката која ја добиваат фудбалерите на Хрватска на Светското првенство во Русија и настапот на Новак Ѓоковиќ на неофицијалното светско првенство во тенис Вимблдон.

Уште пред полуфиналната средба со Англија, Ѓоковиќ истакна дека навива за Хрватска, за неговите одлични пријатели Лука Модриќ и Иван Ракитиќ и порача дека посакува да го освојат Мундијалот во Русија.

Не се штедеа ниту Модриќ и Ракитиќ, кои исто така пред почетокот на полуфиналето против Рафаел Надал, му дадоа поддршка на Ѓоковиќ, кој успеа да победи и обезбеди финале кое ќе се игра во недела, исто како и финалето на СП во Русија.

„Дај Боже и Ѓоковиќ да игра финале, а потоа заедно да се радуваме во финални победи, најпрво тој на Вимблдон, а подоцна и ние во Русија“, беа зборовите на хрватските фудбалери.

Коментари

коментари