среда, 19 септември, 2018
Читај » МАКЕДОНИЈА » 8.500 евра вредна опрема донираше Телекабел на Одделението за ангиографија во Штип

8.500 евра вредна опрема донираше Телекабел на Одделението за ангиографија во Штип

8.500 евра во опрема донираше компанијата „Телекабел“ на штипската Клиничка болница. Опремата е наменета за Одделението за ангиографија, а дел од неа се 10-те пациент- монитори наменети за следење на состојбата на хоспитализираните пациенти после коронарна интервенција :

„Овие монитори се од голема важност за нашите пациенти затоа што сите стентирани пациенти можат да развијат малигна аритмија во текот на хоспитализација. Затоа, после интервенцијата ги хоспитализираме пациентите, ги поставуваме на 24-часовни монитори кадешто ја следиме нивната срцева работа“, објасни д-р Сашко Николов, интервен кардиолог.

Освен ова, донирани се и пет перфузори, кои на пациентите под притисок им импутираат спремна доза на лек :

„Тоа тече континуирано во текот на 24 часа, така да нема потреба повеќе сестрата или лекарот да ги брои капките за да го дозираме лекот, туку ја подесуваме бараната концентрација“, дополни Николов.

Досега, компанијата „Телекабел“ многупати има донирано во штипската болница, во Здраввниот дом, но и во други јавни здравствени установи во државата.

Со последната донација, компанијата уште една ја покажа својата општествена – одоговорност:

„Се надеваме дека со оваа донација лекарскиот тим ќе успее да им помогне на многу пациенти. Компанијата „Телекабел“ и понатаму ќе настојува да донира секогаш кога е потребно и упатувам апел до целата бизнис заедница во Штип да помага кога треба“, истакна Биљана Арсова, „Телекабел“.

Инаку, ангиографот во штипската болница не работеше извесен период. По неговата поправка, листата на чекање на пациенти, значително е намалена.

Коментари

коментари