понеделник, 21 септември, 2020

Македонија поканета да стане 30-та членка на НАТО

Македонија доби поканата за почнување на преговорите за зачленување во НАТО, а ќе стане членка откако ќе се завршат сите процедури предвидени со договорот за името со Грција, соопшти генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Топло го поздравуваме минатомесечниот историски договор меѓу Атина и Скопје и денеска се согласивме да ја поканиме владата во Скопје да ги почне пристапните преговори. Во моментот кога сите национални процедури ќе завршат околу финализирањето на договорот за името, земјата ќе се приклучи на НАТО како 30-та земја членка“, изјави Столтенберг.

На новинарско прашање околу поддршката на договорот со Грција во земјата, кој е поврзан со нашето зачленување во НАТО, Столтенберг јасно порача дека не може во НАТО со нерешен проблем за името. Додаде дека ова е животна шанса и дека граѓаните треба да ја донесат одлуката.

slobodnaevropa.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!