Вечерва пред Собрание: Молк и почит за Никола Саздовски

На социјалната мрежа фејсбук кружи слика со иницијатива на која се повикуваат граѓаните да излезат денес пред собранието и да му оддадат почит на Саздо со симболично молчење. Сликата е споделувана по фејсбук групи како и кај јавни личности.

Според описот на сликата, молкот е закажан за во 20:00 часот во центарот на Скопје пред Собранието и тоа на 15 минути пред почетокот на натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите каде Шкендија ќе ги одмери силите со Велшкиот шампион ТНС на Градскиот стадион во Скопје.

Засега не е познат организаторот на оваа иницијатива.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!