ВИДЕО: 18 нуркачи влегоа во пештерата, почна операцијата на извлекување на момчињата

Пред пет часа тим нуркачи влегоа во пештерскиот комплекс и сега се очекува да почнат „да го подготвуваат првото и најсилно момче од тимот за опасното подводно извлекување“, објави Гардијан.

Гувернерот рече дека „денеска е зенитот на нивната подготвеност“ додека 18 нуркачи влегоа во пештерата во обид да ги извлечат момчиња, кои веќе 15 дена се заробени во пештерата.

Властите ги отстранија медиумите од локацијата за да може да почне спасувачката операција.

Процените се дека денеска е првиот од три до четирите дена пред дождовите да се засилат.

Тајландските маринци постираа фотографија на својата фејсбук-страница, која прикажува како локалните и меѓународните сили се обединиле во обидот да ги спасат децата и нивниот тренер.

Коментари

коментари