Читај » МАКЕДОНИЈА » ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Спасен детски живот не е само привилегија на лекар

ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Спасен детски живот не е само привилегија на лекар

Веста и фотографијата во целост се преземани од komarec.com.mk

Драган Апостолов, вработен во Територијалната Противпожарна Единица во Кочани е херојот на денот. Ова може да се забележи од Фејсбук статусот на д-р Надица Јосифова.

„Поради високите температури решив вчерашниот ден со моите деца да го поминам на базенот. И додека ја бришев ќерката по капењето некаде околу 13:30 часот слушнав повици за помош, викаа дека некое дете се дави. Јас заедно со спасителите веднаш се стрчавме и тогаш видов дете на околу десет години како ниту плива, ниту дава некакви знаци, а главата му беше под водата. Пред да скокнам еден друг посетител го извади и го стави на бетонот околу базенот. Детето не даваше знаци на живот. Почнав да му давам масажа на срцето и да му давам вештачко дишење но забележав дека не прима воздух. Сфатив дека си го проголтал јазикот, едвај успеав да му ја отворам устата и да му го извлечам јазикот за да по кратко време на мое големо задоволство слушнам некакво кркорење што ми даде голема надеж дека почнал да прима воздух. Го легнав на страната и тој поврати поголема количина на вода и почна да дише нормално. Иако ме болеа прстите од отворањето на неговата уста по некоја минута почнавме мала конверзација. Бидејќи детето делуваше уплашено го гушнав и почнав да го прашувам кој е и од каде е. Целта ми беше да го одржувам така се додека не дојде медицинска екипа од Брзата помош која беше веднаш повикана. Го симнав на раце долу на лежалките а медицинските лица го презедоа и однесоа во болница. На враќање дома отидов во болницата за да прашам како е детето. Ми беше кажано дека повратил уште еден леген вода, дека му е дадена инфузија и дека ќе биде задржан некој ден во болницата. Ми олесни на душата иако уште ми трепереше снагата од страв“ ни раскажа херојот на денот Драган Апостолов.

И што да се напише повеќе после еден ваков потег на млад човек, освен едно големо „СЕКОЈА ЧЕСТ ДРАГАНЧО“.

Херојот не само на денот, туку и на годината Драган Апостолов ја покажа својата голема хуманост, она што го има научено за постапувањето во вакви случаи го примени онака како што треба, спаси детски живот и како што напиша докторката нешто што не е привилегија само на лекарите.

Гордост е да се познаваат и да се живее во средина со вакви луѓе.

Секоја чест Драган Апостолов.

Коментари

коментари