Читај » СЛАЈДЕР » Трагедија во светот на кошарката, полицијата во САД уби кошаркар на евролигашот Химки

Трагедија во светот на кошарката, полицијата во САД уби кошаркар на евролигашот Химки

Американскиот кошаркар на рускиот Химки, Тајлер Ханикат кој во минатото играше и за Сакраменто во НБА, е убиен од полицијата во Калифорнија.

Според извештајот на полицијата, тој прв пукал кон нив, тие одговориле на идентичен начин и го убиле. Тие пристигнале во неговиот дом по пријава на неговата мјка која ги известила дека Ханикат се однесувал многу чудно. Полицијата пристигнала, тој кога ги видел почнал да пука во нив, тие возвратиле и смртно го погодоиле.

Ханикат беше еден од главните играчи на Химки изминатата сезона, одигра 17 натпревари во Евролигата, имаше просек од 9,2 поени и 5,5 скока по меч.

Тој на 15. јули требаше да наполни 28 години.

Коментари

коментари