Читај » МАКЕДОНИЈА » Соларни панели за заштеда на електрична енергија

Соларни панели за заштеда на електрична енергија

Граѓаните ќе имаат можност за најмалку 2.000 евра да постават панели за соларен систем за производство на електрична енергија. Освен граѓаните, таква можност ќе имаат и претпријатијата кои Владата ги субвенционира, но државната парична помош моментално не е достапна и за граѓаните. Сопственикот на оваа куќа која ја поставила прва фото-волтаична централа се надева дека системот ќе ги даде потребните ефекти и ќе му штеди енергија.

Од ЕВН Македонија велат дека за поставувањето на овие системи работат група експерти кои нудат разни можности во зависност од потребите на граѓаните. Од ЕВН велат дека инвестирањето е индивидуално и зависи од карактеристиките на секој објектот и бараната енергија.

Од друга страна, премиерот Заев изјави дека преку новиот Закон за енергетика, на граѓаните им се нуди можноста самите да произведуваат струја и да ја продаваат на слободниот пазар. Заев вели дека намерата на Владата е да се намали увозот на енергија и да се зголеми домашното производство. Со инсталирањето на вакви соларни панели, годишно едно домаќинство може да покрие над 30% од вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија.

Коментари

коментари