понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Судијата и даде 45 дена на Јанкулоска да поужива со бебето, а потоа да се појави на суд

Судијата и даде 45 дена на Јанкулоска да поужива со бебето, а потоа да се појави на суд

Откако ќе поминат 45 дена од породувањето Гордана Јанкулоска ќе треба да доаѓа на судења како обвинета во предметот „Титаник“. Нека е живо и здраво бебето, но кон средината на август Јанкулоска ќе треба да се појави на судење, порача судијата Осман Шабани.

За најобемниот предмет за изборни нерегуларности на екс министерката за внатрешни нема да и се суди одвоено, туку во иста постапка со некогашниот партиски врв од ВМРО-ДПМНЕ.

„На странката и остануваат 45 дена, да си поуживаат, да одмараат со бебето, нека е живо и здраво, но пренесете и на клиентката дека законски на 16 август мора да се појави на закажаното рочиште.“ – велат од судот.

Адвокатката на Јанкулоска го извести судот дека по една недела откако го роди синот Петар, таа се уште се наоѓа во болница. Во август за судскиот процес „Титаник“ се закажани уште две рочишта. А, истиот месец, на 29-ти судијката Добрила Кацарска ќе и суди за случајот „Тенк“. За овој предмет, до октомври се закажани 25 рочишта.

На иста обвинителна клупа со Јанкулоска во „Титаник“ седат и екс премиерот Никола Груевски, неговите блиски владини соработници Кирил Божиновски, Мартин Протоѓер, екс министерката за правда Билјана Бришковска, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, пратеникот Илија Димовски. Ова е првиот случај на СЈО, отворен во 2016-та година. Според СЈО првиот човек на партијата Груевски заедно со Јанкулоска, Јанакиески, Божиновски и разузнавачот Мунир Пепиќ создале група која вршеле изборни измами во корист на партијата.

Коментари

коментари