Членовите на Здружението „Зелена алтернатива“ пред Основниот суд организираат протест за поддршка на приведениот Филип Достовски, основачот на „Зелена алтернатива“ и активист за легализација на марихуаната и едукатор за лекување со масло од канабис.
Полицијата нема воопшто употребено сила, а акцијата е спроведена според прописите и правилата, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил во врска со акцијата што беше спроведена во саботата во угостителски објекти при што беа приведени неколку лица.
Достовски изјави дека не очекува фер судење, оти и досегашната постапка кон него не била фер. – Ништо не правевме скришно. Се беше јавно и транспарентно. Пред да ме уапсат, имав и закани од една фармацевтска компанија. Две години барам анализа на конопот што го најдоа кај мене. Анализа не добив, но добив обвинение – изјави тој.
Претставници на зелена алтернатива се вклучени во работната група за измени на законот. Организацијата организираше и низа трибини и гостувања на странски лекари кои ги објаснуваат медицинските придобивки од употребата на канабис кај одредени заболувања.