понеделник, 23 септември, 2019
Читај » СВЕТ » Во Софија почина историчарот Божидар Димитров, познат по антимакедонизмот

Во Софија почина историчарот Божидар Димитров, познат по антимакедонизмот

Поранешниот директор на Националниот историски музеј во Софија, историчарот Божидар Димитров, почина на 72-годишна возраст, јавија бугарските медиуми.

Димитров починал пред зградата во која живееше. Се претпоставува дека станува збор за белодробна емболија.

Димитров беше министер без ресор, одговорен за Бугарите во странство во првиот кабинет на Бојко Борисов.

За македонската историска и политичка јавност е познат како најголем негатор на македонска нација и јазик. Тој постојано зборуваше, агитираше и пишуваше книги за вештачката творба на комунистите – македонска нација, јазик и држава.

Коментари

коментари