понеделник, 23 септември, 2019
Читај » ЦРНА ХРОНИКА » Среде бел ден тројца насилници претепале момче во скопска Автокоманда

Среде бел ден тројца насилници претепале момче во скопска Автокоманда

Дваесет и едногодишно момче се бори за живот на Скопските клиники откако вчера попладне во 17.20 часот во населбата Автокоманда е претепано од непознати лица.

Вчера и во текот на ноќта момчето не било контактибилно. Според првичните информации од МВР, го претепале три засега непознати лица.

Непознатите излегле од автомобил мерцедес и го нападнале момчето кое се движело по булеварот Александар Македонски во близина на автобуската постојка кај седиштата на „Алкалоид“ и „Скопска пивара“.

МВР подготвува подетална информација. До утрово, не се знае ни мотивот на напаѓачите.

Коментари

коментари