Приказната за бабичката со цвеќиња ќе ви го стопи срцето

Горан Јовановски на Фејсбук ја раскажа приказната за бабичката со цвеќињата која ни го стопли срцето:

„Јас сум тука синко од кога ги поставија темелите на Тинексов. Имам маж 24 години врзан за постела, ќерка ми почина пред 2 години и останаа двете внучиња со мене. За нив го правам ова секој ден, денар да однесам дома. Ништо лошо не направивме во животот, но само несреќа нѐ следи. Но цвеќињата ме радуваат, весели бои се, еве види ги овие, сабајле се берени, свежи!“, стои во статусот.

Локацијата е Тинекс маркетот во населбата Карпош 3, по Лептокарија.

"Јас сум тука синко од кога ги поставија темелите на Тинексов. Имам маж 24 години врзан за постела, ќерка ми почина…

Posted by Gorjan Jovanovski on Sunday, June 24, 2018

Коментари

коментари

error: Content is protected !!