четврток, 21 ноември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » ВМРО-ДПМНЕ: Економијата е на дното

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата е на дното

Економијата е на дното. Повеќе од една година растот на БДП е нула, платите паѓаат, а цените на производите на мало растат. Стандардот на граѓаните е сè понизок, смета опозицијата.

„Фирмите кои донирале на СДСМ наплаќаат милиони евра од граѓаните. Градежништвото повеќе од една година оди во надолна линија. Падот на нискоградбата е 37%. Сите инфраструктурни проекти почнати во време на ВМРО-ДПМНЕ неосновано се запрени“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму преку соопштение велат дека на колена е и земјоделието.

„Земјоделците се понижени. Откуп нема. Родот на земјоделците наместо на пазар завршува на буниште. Од ураганот СДСМ настрадаа оризопроизводителите, производителите на зелка, краставица, домати, а сега и на лубеница“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓудругото, опозицијата повторно го искритикува и правосудството и надворешната политика, истакнувајќи дека правосудните органи не одлучуваат по закон, туку по диктат.

„Неспособноста на власта е констатирана и од ЕУ. Унијата јасно порача дека без суштински реформи државата нема да добие почеток на преговори. Заев и Димитров ја лажат и ја манипулираат јавноста. Заев и Димитров трајно ја нарушија позицијата на Република Македонија и ги понижија граѓаните.

Зоран Заев потроши повеќе од една година од животот на граѓаните на Република Македонија, а, за жал, не направи ништо“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

коментари