четврток, 12 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Поевтинуваат цените на становите во Скопје, исклучок само Центар

Поевтинуваат цените на становите во Скопје, исклучок само Центар

Во Скопје има многу нови, непродадени станови, а само за четири месеци издадени се дозволи за градба за уште 2.000 нови. Нивната цена во центарот на градот нема да поевтини, но во останатите делови ќе оди надолу, вели претседателот на Здружението на градежништво Андреа Серафимовски. Тој апелира до граѓаните, при купување на стан да внимаваат на квалитетот на градбата.

„Цениме дека во наредниот период, само жителите и купувачите ќе ја диктираат цената на становите. Апелираме да се внимава на бројот на паркинзи, зелена површина, локација и на квалитетот на градбата.“ – изјави Андреа Серафимовски, Здружението на градежништво.

Во првиот квартал од годинава градежништвото забалежа пад од 37 %, главно поради запирањето или забавувањето на крупните инфраструктурни проекти финансирани од државата, но и забавувањето на инвестициите на приватниот сектор.

Според Серафимовски, со продолжување на моменталните инфраструктурни проекти и реализиација на најавените, ќе има многу поголем раст на градежништвото отколку во периодот на проектот „Скопје 2014“.

„Имаме апел до владата да размисли како би ги поддржале напите компании кои носат референци и со кои може да настапат на странските пазари и да ги поддржи.“ – изјави Серафимовски.

За првите пет месеци од годината, реализирани се само 13,8 проценти од планираните капитални инвестиции, со вкупна вредност од 54 милиони евра. За оваа ставка, во буџетот се проектирани 400 милиони евра, кои до крајот на годината треба да кренат бруто домашниот производ на 3,2 проценти. Но засега растот на економијата е незначителен, со само 0,1 процент.

Коментари

коментари