Читај » МАКЕДОНИЈА » Заев: Ќе си дадам оставка ако не успее референдумот, но сигурен сум дека ќе успее

Заев: Ќе си дадам оставка ако не успее референдумот, но сигурен сум дека ќе успее

Да, ќе заминам ако не успее референдумот во Македонија, но толку сум сигурен дека тој ќе успее. Очекувам сериозни проценти 75-85 насто, согласно колкави се процентите на граѓани кои се изјасниле дека се за ЕУ и НАТО. Вака премиерот Заев одговори на прашања од граѓани до 1ТВ за тоа дали ќе си поднесе оставка ако не успее референдумот за името.

-Граѓаните немаат што да бираат, немаат друга алтернатива. Тие само треба да потврдат дека сакаат Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО – рече Заев.

Премиерот рече дека сеуште не размислувале за референдумското прашање, но тоа ќе биде поврзано со ЕУ и НАТО и секако со одлуката за името.

На прашањето на наш гледач дали мисли да ги врати квалитетните кадри во администрацијата посебно во делот на ЕУ проекти кои ги избркала ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека секој ден течат конкурси од институциите.

-Ние не штедиме пари за квалитетен кадар. Прв пат институциите бараат кадар, не по тефтерчиења од партии. Тоа е исправниот чекор за Макеоднија. Ние сакаме да ги вратиме сите. Тие што знаат да прават европски проекти бегаат од админстрацијата – не сакаат да работат за 500 евра плата, работат како консултанти за 1.500 евра – рече премиерот.

Коментари

коментари