понеделник, 19 август, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Бугарија утре ќе предложи Македонија и Албанија да бидат поканети да започнат преговори за влез во ЕУ

Бугарија утре ќе предложи Македонија и Албанија да бидат поканети да започнат преговори за влез во ЕУ

Бугарија пред Советот на Европската Унија ќе предложи Македонија и Албанија да бидат поканети и да започнат преговори за влез во Европската Унија, најави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.Таа вели дека кај повеќето земји постои расположение веднаш да биде упатена поканата за почеток на преговорите, но потенцираше дека сепак дел од нив се уште се скептични и престои уште работа за да се убедат.

„Дури и ако утре Советот на ЕУ поддржи почеток на преговори за проширување, тоа не значи веднаш започнување на преговори. Има многу подготвителна работа која треба да ја завршат експертите во Еврокомисијата, како што е подготвување на преговарачка рамка“, изјави Захариева за Бугарската Новинска Агенција.

Напомена и дека доколку утре не биде донесена позитивна одлука, прашањето ќе го разгледува Европскиот совет кон крајот на неделата.

Захариева вели и дека балканските лидери покажале храброст, почнувајќи со договорот меѓу Скопје и Софија кој дал позитивен импулс во целиот регион, а на тоа се надоврзал и договорот за името меѓу Македонија и Грција. Додаде дека со Франција треба уште да се преговара но дека она што е важно во моментов е тоа дека ниту една држава не е против европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

„Сите сметаат дека има сериозен развој и прогрес во Западен Балкан. Прашањето е кога, а не дали. Станува збор за толкување на подготвеноста на земјите за влез во ЕУ“, изјави
вицепремиерката на Бугарија.

Захариева вели и дека во моментов, позицијата на Македонија е многу подобра од онаа на албанија но и покрај тоа, тие ќе предложат почеток на преговорите и за двете држави.

Извор / 24.mk

Коментари

коментари