Читај » МАКЕДОНИЈА » Ловџија од утре ќе се станува полесно

Ловџија од утре ќе се станува полесно

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на средба со ловџиите во Струмица, ги најави новите критериуми за полагање на ловечкиот испит кои стартуваат од утре.

Со последните измени на законот за ловство се укинува електронското полагање на испитот кој сега ќе се полага во сите градови во земјава. Во ист ден ќе се полагаат двата дела од испитот, теоретскиот и практичниот. Предвидено е усмено одговарање на определен број прашања според програма за полагање на ловечкиот испит во која се содржани градивото и прописите. Има и дополнителна поволност за преместување на терминот за полагање во следната сесија, доколку кандидатот од оправдани причини не може да присуствува на денот на полагањето на испитот.

Стручната комисија за полагање на ловечки испит секоја година ќе подготвува и верификува база на прашања за полагање на ловечкиот испит, изработени врз основа на програмата за полагање на ловечкиот испит и истите ќе бидат јавно објавени на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Измените на законот, како што рече министерот Николовски, биле направени за да се подобри ефикасноста на полагањето.

Коментари

коментари