четврток, 21 ноември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Парични казни за директорката и училиштето во Радовиш за организирање на верскиот обред

Парични казни за директорката и училиштето во Радовиш за организирање на верскиот обред

Парични казни за директорката и основното училиште во Радовиш како правно лице за верскиот обред кој беше организиран во училиштето „Крсте Петков Мисирков“ . Вака одлучи државниот просветен инспекторат, откако локален оџа вршеше верски обред во радовишкото училиште за време на кој свештеното лице на микрофон извикувалo „Алаху акбар“. Истовремено и градоначалникот на општината ќе добие укажување да го смени раководното лице на училиштето.

Според информациите, просветниот инспекторат по извршениот надзор, го казнил основното училиште со 1.600 додека директорката со 1.120 евра казна.
Од инспекторатот одговорноста за овој случај ја лоцираат во директорката на оваа образовна институција заради што до градски власти ќе поднесе барање за разрешување бидејки дозволило верско организирање во училиште што е спротивно на законот.

Казните за радовишкото училиште следуваат откако минатата недела ифтарска вечера по повод Рамазан беше послужена во училиштето каде локален оџа вршеше верски обред. Ваквиот чин предизвика бура од реакции во јавноста и изненаденост кај жителите на Радовиш, поради тоа што истиот се одржувал во образовна институција, поточно во мензата на училиштето.

Коментари

коментари