недела, 6 декември, 2020

Кукаст крст и говор на омраза на споменикот на Тито во Куманово

Кукаст крст и погрдни зборови синоќа осамнаа на спомен обележјето на споменикот на Јосип Броз Тито на плоштадот во Куманово.

Вандализмот се случил вчера, на 25-ти мај, денот кога во поранешна Југославија се одбележуваше Денот на младоста.

Градоначалникот на општината Максим Димитриевски споедлувајќи фотографија на социјалните мрежи, го осуди чинот и побара надлежните да ги пронајдат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата.

„Не е прв пат да се сквернават споменици од НОБ, ваквите нечовечки акти нема да не поколебаат да ги негуваме придобивките на партизаните од НОБ и Јосип Броз Тито кои се бореа против најголемо зло на човештвото фашизмот и ни овозможија да ние денеска живееме во слободна и независна држава Република Македонија“, додаде градоначалникот.

Го осудувам овој грозоморен настан што вечерва се случи на градскиот плоштад во Куманово- Апелирам надлежните да го…

Posted by Maksim Dimitrievski on Friday, 25 May 2018

Коментари

коментари

error: Content is protected !!