ВИДЕО: Нов македонски проектил во Примера – Барди го „тресна“ и Леганес

Ново ремек дело на Енис Барди. По двата проектила против Атлетик Билбао, македонскиот репрезентативец „испали“ уште еден, овојпат на гостувањето против Леганес каде Леванте славеше со 3:0 во последниот меч од 36. коло во шпанска Примера.

Барди се најде во стартниот состав на гостите од предгардието на Валенсија и во листата на стрелци се впиша во 59 минута за водство на неговата екипа во тие моменти со 2:0. Трите бода на Леванте ги најави Моралес во 55 минута, а ги потврди Коке во 77 минута.

Вечерашниот гол на Барди беше негов седми во дебитантската сезона во Примера. Претходно постигна два на „Сан Мамеш“ против Атлетик и по еден во дуелите со Еибар, со Реал Сосиедад, со Валенсија и со Депортиво ла Коруња.

Коментари

коментари