понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Кирацовски: Ѓорчев доби шлаканица, но продолжи да ги штити пратениците

Кирацовски: Ѓорчев доби шлаканица, но продолжи да ги штити пратениците

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, ја држел вратата во прес центарот од Собранието на 27 април 2017 година за да не влезе толпата, но бидејќи не успеале да ја задржат вратата затворена, кога влегле граѓаните во салата, тој се упатил во делот каде биле сите други пратеници. Тој е третиот сведок, по Талат Џафери и Дамјан Манчевски, кој сведочеше на денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април лани, пренесува Плусинфо.

Кирацовски рече дека толпата буквално наликувала на бесна орда која имала за цел да убие некого. Тој рече дека луѓето правеле јамки од каблите од микрофоните обидувајќи да уловат некои од пратениците.

„Нѐ спасија само нашата присебност, обезбедувањето на Оливер Спасовски и на Зоран Заев, и Господ“, рече Кирацовски.

Зијадин Села бил близу ќошот, залепен до ѕидот, позади него.

„Имаше постојани напади од сите присутни. Беа таму за да нападнат, имаше физички напади и со сѐ останато што беше како предмет во салата. Од маси и столици, сталаци за камери, копја за знамиња“, раскажа пратеникот.

Села, посочи тој, бил удрен со нешто по главата, бил видно повреден и се држел за главата.

„Во еден момент Села буквално клечеше позади мене. Не можам да потврдам кој точно го фрли тој предмет. Практично тој беше заштитен, но бидејќи е повисок предметот го удри него“, посочи Кирацовски.

Коментари

коментари