Потврда од директорката: За три месеци починале 35 бебиња

Директорката на скопската Клиника за Гинекологија, доктор Викторија Јовановска за „Фокус“ ги потврди информациите дека во последните три месеци во болницата починале 35 бебиња, што според неа, се исто така алармантни бројки.

„Точно е дека во првите три месеци од 2018 година на клиниката починале 35 бебиња. Најчестите причини за зголемената смртност се недозреани бели дробови и сепса. Факт е дека смртноста мора да се намали. Досега се преземени мерки, но потребни се уште многу работи да се променат за да се намалат црните статистики“, вели доктор Јовановска.

Како што веќе објави „Фокус“, на скопска Гинекологија за само три месеци починале повеќе од 35 новороденчиња, што е за 2,6 отсто помалку од истиот период лани.

Коментари

коментари