недела, 15 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Делчево доби швајцарско-македонска консултантска фирма за посредување за работа во Швајцарија

Делчево доби швајцарско-македонска консултантска фирма за посредување за работа во Швајцарија

Во Делчево е отворена швајцарско-македонска консултантска фирма која ќе посредува македонските работници да најдат работа во Швајцарија. Сето ова по иницијатива на делчевскиот иселеник Небојшта Веселинов и неговиот татко Лазо Веселинов.

„Целта е да се им помогнеме на луѓето од Македонија полесно да најдат работа во Швајцарија. Воедно, парите кои ќе ги заработат таму ќе бидат исплатени преку банка, што значи дека ние воопшто нема да имаме никаков допир со тие пари“, изјави Лазо Веселинов.

Веселинови веќе 30 години работат во Швајцарија, а моментално се занимаваат со хотелиерство. Низ годините кои минуваат, акумулираното искуство ги послужило да започнат ваков бизнис и во Делчево.

Консултантската фирма се наоѓа во комплексот „Пела“ во Делчево.

Коментари

коментари