Денот на шегата одбележан со стотици маски

Сите херои од цртаните филмови на едно место. Спајдермен, Бетмен, Џокер, принцезата Елса, Маша и многу други ликови од цртаните филмови се собраа на плоштадот Македонија за да го прослават 1 април, денот на шегата, пренесува ТВ21.

Априлијадата беше организирана од Град Скопје и од Центарот за Култура-Карпош, а како точки со кои се забавуваа најмалите беа детските песни, ора и модерен балет.

На забавата имаше костуми и од познатата игра лути птици, а двете сестри Анастасија и Евгенија имаа костуми со кои го преставуваа доброто и лошото.

И возрасните им се придружија на најмладите со нивите маски. Децата се радуваа борејќи се со нивите импровизирани оружја и имитирајќи ги гласовите на ликовите кои ги преставуваа.

Во многу Европски градови 1 април е познат како ден на лагите односно денот на шегата. Најстарата теорија поврзана за овој ден е поврзана со античките римјани, кои на овој датум организирале луксузна забава во чест на божицата Венера.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!