Читај » МАКЕДОНИЈА » Може ли во Виена да се постигне историска согласност за името?

Може ли во Виена да се постигне историска согласност за името?

Во Виена нова рунда разговори на медијаторот Нимиц со министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас. На маса двете нацрт- спогодби. Посредникот треба да понуди сопствен документ за надминување на разликата. И Скопје и Атина сакаат достоинствено решение за спорот со името, кое ќе биде плод на компромис и на почитување на интересите на двете страни, пренесува МРТ.

Шефoвите на дипломатиите на Грција и на Македонија, Димитров и Коѕијас, на нова рунда разговори во Виена со посредникот за разликата за името Метју Нимиц. На маса се нацрт- спогодбите на двете држави, во кои има разлики, па двете страни со медијаторство на Нимиц ќе се обидат да се приближат кон заемно прифатливо решение.

Грција останува на ставот за сложено име со географска одредница за севкупна употреба и за промена на македонскиот Устав. За Македонија не е прифатлив предлогот за слеано име со зборот Македонија без превод на светски јазик, и е против промена на идентитетот и јазикот. И двете страни се за достоинствено решение за името, што ќе биде плод на компромис и на почитување на интересите на двете земји.

Домаќин на разговорите на Нимиц со Димитров и Коѕијас во австриското Министерство за надворешни работи во Виена е шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсл, поради католичкиот Велигден и неработните денови во седиштето на Обединетите нации во Виена.

И Димитров и Коѕијас по средбата во Виена најавија брифирање на државниот врв и политичките лидери во своите држави.

Вчеравечер, Димитров и Коѕијас имаа работна вечера која минала во позитивна атмосфера, пишуваат медиумите.

Коментари

коментари