понеделник, 26 јули, 2021

Можна е иницијатива пред Уставен за одбивањето на Иванов да го потпише Законот за јазиците

Парламентарното мнозинство може да поднесе иницијатива пред Уставниот суд за одбивањето на претседателот Ѓорге Иванов да го потпише законот за употреба на јазиците. Ова го најави премиерот Зоран Заев, аргументирајќи дека Иванов, со ваков пристап, може да блокира и други реформски закони.

Дека Иванов е должен да го потпише законот за јазици објаснува и поранешниот уставен судија, Игор Спировски. Според него, никаде во Уставот не пишува дали претседателот на државата смее да толкува дали треба да стави потпис на законите по усвојувањето.

Познавачите на Уставот велат дека Иванов ќе одговара за прекршување на највисокиот државен акт, Уставот, односно членот 75 кој го задолжува претседателот на државата да потпише закон кој по втор пат е усвоен од мнозинството во законодавниот дом.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!