Читај » СЛАЈДЕР » 30 дена притвор за педофилот од Делчево

30 дена притвор за педофилот од Делчево

По барање на јавен обвинител осомничениот педофил од Делчево доби 30 дневен притвор за наводниот полов напад врз малолетно девојче.

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека 46-годишниот делчевец на 16 март околу 20 часот дошол во посета на соседите во време кога родителите на девојчето не биле дома и со намера да ги задоволи своите полови страсти извршил полово дејствие над девојчето заканувајќи му се да не кажува.

Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кочани поднел предлог за определување мерка притвор имајќи ја предвид тежината на делото за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години. Надлежниот јавен обвинител оценил дека постојат и околности што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот и влијание врз сведоците и попречување на постапката.

Коментари

коментари