Читај » СВЕТ » Трамп наклонет на смртна казна

Трамп наклонет на смртна казна

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го претстави подоцна во понеделникот планот за борба против дрогите со којшто особено се предвидува прибегнување на смртната казна против дела на криумчарите на дроги.

„Министерството за правосудство ќе побара смртна казна за криумчарите на дроги кога тоа ќе биде можно, во согласност со постојните закони“, објавија од Белата куќа претставувајќи ги главните акценти од планот.

Запрашан за конкретни случаи на коишто би можела да се применува смртната казна, американскиот функционер останал неодреден, пренесува агенцијата AFP.

Претседателот Доналд Трамп би требало да ги претстави поединостите од споменатиот план во неговиот говор во Манчестер, во Њу Хемпшир, сојузната дражава којашто е многу тешко погодена од дрогите.

Во 2016 година во САД се регистрирани приближно 64.000 смртни случаи од предозирања, од кои повеќето поврзани со користење опијати. Оваа категорија дроги опфаќа и аналгетици кои се издаваат на рецепти како оксидон и фентанил, како и хероинот кој често се меша со синтетички супстанции.

На почетокот од март на состанок во Белата куќа, Трамп истакна дека земјите кои ја применуваат смртната казна против криумчарите „имаат многу помалку проблеми со дрогите“ отколку САД.

Коментари

коментари