Русија и САД итно префрлуваат додатни воени единици кон Сирија

Во текот на изминатите 24 часа, Русија префрли дополнителни С-400 системи, борбени авиони, воени бродови, подморници, десантни бродови со специјалци во Сирија. САД ги групираат своите поморски и воздушни сили во Медитеранот, и во Јордан, Турција, Кипар и Ирак спремајќи се за напад на Сирија.

Ситуацијата околу Сирија продолжува да се влошува брзо. Во медиумите, не сите информации поврзани со конфронтацијата меѓу Русија и САД се објавуваат официјално.

Иако целото внимание во светот е фокусирано на скандалот меѓу Русија и Британија, Американците, очигледно, не се помируваат со поразот во Сирија и сериозно се решени да ја нападнат Сирија. Вашингтон не запира дури и покрај предупредување од рускиот Генералштаб дека руската војска ќе реагира со удар за ударот, кој исто така би ги вклучил и американските „носители“ на ракети.

Врз основа на отворени податоци, САД и нејзините сојузници ја групираат својата авијација на границата со Сирија, особено во воздухопловните бази во Јордан, Турција, Кипар и Ирак, а американската морнарица се наоѓа во Средоземното Море.

За да го сопре ударот, Русија реши да премине од вербална реторика на многу конкретни воени акции.

Неколку западни медиуми тврдат дека во текот на вчерашниот ден на територијата на Сирија, беа распоредени дополнителни системи С-400, голем број на борбени авиони Су-30 и Су-35С, во Средоземното Море влегле фрегатите „Адмирал Есен“ и „Адмирал Григорович“, десантните бродови Орск и Минск, како и патролни бродови и подморници, објави newsli.ru.

Во принцип, руската група на бродови во Средоземното Море се зголеми на дваесетина, вклучувајќи и шест подморници – ова е за Русија невиден раст на подморници во ограничен простор.

Според информациите од турски извори на руските десантни бродови се наоѓаат и специјални сили.

Очигледно, руското Министерство за одбрана, јасно стави до знаење дека напад врз Сирија ќе значи отворена акт на агресија против Руската Федерација, и дека Русија ќе одговори на нападот со неприфатливи загуби за напаѓачите.

Дали светот е на работ на нова светска војна или сепак се работи само за игра на мускули, одговорот ќе го добиеме наскоро.

Дарко Тодоровски

Коментари

коментари