Читај » СВЕТ » Турската војска го опколи Африн и порача: Наскоро ќе ги исчистиме екстремистите

Турската војска го опколи Африн и порача: Наскоро ќе ги исчистиме екстремистите

Иако станува збор за странска агресија која што брутално го гази меѓународното право, сепак очигледно е дека Турските власти си земаат за право да одлучуваат како ќе стојат работите во една сосема друга земја.

Турција наскоро ќе го „исчисти“ сирискиот град од екстремистите, а веќе ја има превземено и контролата во повеќе од половината од тоа подрачје, порача портпаролот на турската влада, Бекир Боздаг.

Според турските власти, во градот Африн кој што е населен од мнозинско курдско население – курдските борци кои што го бранеа населението од џихадистите на Исламската држава се практично „екстремисти“ и треба да бидат „исчистени“ од градот, иако станува збор за нивниот дом кој што е во сосема друга држава, односно не во Турција.

„Го исчистивме подрачјето од 1,102 квадратни километри од терористите во Африн. Наскоро ќе пристигнеме во центарот на градот и ќе го исчистиме од нив исто така“, изјави Боздаг за турските медиуми.

Турција во јануари ја започна операцијата во северозападниот дел од сирискиот регион и истоимениот град Африн и се закани дека офанзивата ќе продолжи и понатаму кон исток, кон Манбиџ – град кој што исто така е под контрола од локалното население составено од Курдите и нивните „Единици за заштита на народот“ формирани првенствено да го бранат цивилното население од Исламската држава.

Коментари

коментари