недела, 8 декември, 2019
Читај » СВЕТ » Трамп преку Твитер му додели отказ на државниот секретар

Трамп преку Твитер му додели отказ на државниот секретар

Американскиот претседател Доналд Трамп го разреши досегашниот државен секретар Рекс Тилерсон од оваа функција, а сето тоа го потврди преку социјалната мрежа Твитер.

На позицијата државен секретар е поставен досегашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, додека директор во ЦИА ќе биде Џина Хаспел, што ќе значи и прва жена на оваа позиција во историјата на Америка.

„Мајк Помпео директорот на ЦИА ќе стане наш нов државен секретар. Тој ќе биде извонреден во работата! Му благодариме на Рекс Тилерсон за неговата служба! Џина Хаспел ќе стане нов директор на ЦИА, со што ќе биде прва жена на таа позиција. Честитки до сите!“, напиша Трамп на Твитер.

Коментари

коментари