Mлекотo за доенчиња „Селија“ повлечено од македонскиот пазар

Агенцијата за храна и ветеринарство повлече дополнителни количини од млекото за доенчиња „Селија“ увезена од Франција од македонскиот пазар.

„Преку системот на ЕУ во неколку наврати добиена е информација за небезбедна храна, како надополнувања на нотификацијата за небезбедна инфант формула, млечна храна за доенчиња, увезена од Франција“, соопшти АХВ.

Од таму дополнуваат дека се повлечени пакувањата од 1.400 грама за доенчиња од 0 до 6 месеци, како и пакувањата од 2.400 грама за доенчиња од 6 до 12 месеца. Исто така, повлечени се и производите „Селија Према“ од 400 грама и „Селиа Дигекс“ од 400 грама.

Потрошувачите кои веќе ги купиле овие производи не треба да ги консумираат и истите можат да ги вратат на местото каде што ги купиле.

Коментари

коментари