понеделник, 23 септември, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Најемотивната слика од теренот на „Артемио Франки“ ја трогна Италија

Најемотивната слика од теренот на „Артемио Франки“ ја трогна Италија

Фиорентина успеа да победи со 1:0 во дуелот со Беневенто кој во секој знак остана резултатски во втор план, бидејќи емоциите и болките кои владееја на трибините и долу на теренот беа поголеми и поизразени од било каква глад за три бода на овој натпревар.

Последниот поздрав од „Артемио Франки“ до незаборавниот капитен Давиде Астори засекогаш ќе остане во сеќавање на фановите на Фиорентина, бидејќи ова попладне во Фиренца беа видени толку траорни слики кои едноставно не може да се избришат дури и да се посака.

Се започна со минутата молк пред почетокот на мечот, продолжи со прекинувањето на средбата во 13-та минута, а првиот дел кулминираше со голот на Витор Уго кој со посебен гест го поздрави Астори.

Сепак, најтрогателно на теренот беше по последниот судиски свиреж на Пасква кога сите играчи на Фиорентина и дел на Беневенто паднаа на тревата и ронеа солзи, а посебна беше и сцената кога токму главниот судија го тешеше Милан Бадељ кој ја презема капитенската улога од својот трагично починат соиграч.

Коментари

коментари