недела, 8 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Зошто денеска го празнуваме Денот на жената?

Зошто денеска го празнуваме Денот на жената?

Денеска го прославуваме Денот на жената, денот во кој треба да уживаат сите жени и да се од мораат од работните задачи кои ги имале во изминатиов период.

Денешните успешни жени можат да бидат горди на своите колешки, бидејќи токму оние вработените во производство на облека и текстил, на 8 март во Њујорк започнале демонстрации и направиле голем чекор напред за сите жени во иднина.

Откако полицијата ги растерала демонстрантите, тие по два месеци основале свој синдикат, а организираните собирања на тој датум се одржувале и во наредните години.

Најпознат бил оној од 1908 година, кога на улиците повеќе од 15 илјади жени бараа подобри услови за работа, право на глас и подобри плати.

Во Копенхаген е одржана Втората конференција на жените социјалисти, на иницијатива на германската револуционерка Клара Цеткин.

На оваа конференција бил одлучено да се прославува Денот на жената во знак на сеќавање на демонстрациите на жените во Чикаго на 8 март 1909 година.

Веќе следната година Меѓународниот ден на жената го прославувале милион луѓе.

Коментари

коментари