ФОТО: Вардар се излеа во центарот на Скопје

На неколку места е излеана реката Вардар во скопскиот регион. Излевање има по течението во центарот на Скопје, како и кај мостот кон Јурумлери во општина Аеродром и на местата викани Вител, Чука и Средоред во општина Зелениково.

Центарот за управување со кризи информира дека во останатите делови од државата на места поплавени се земјоделски површини, а во општина Маврово и Ростуше над селото Жировница делумно е почнато да се лизга земјиштето и постои опасност тоа да се зголеми.

Во општина Боговиње, на патот за селото Ново Село има одрон во должина од пет метри и се очекува во текот на денот да почне чистењето.

Според информациите од РЦУК, во општините Битола, Могила и Новаци има заезерено 7 – 10 хектари земјоделски површини кои се појавени како резултат на нефункционалноста на терцијалната мрежа за одводнување, бидејќи нема класично излевање на водотеци.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!