вторник, 10 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Љупче Златев: Во Скопје слободно се шетаат припадници на ИСИС

Љупче Златев: Во Скопје слободно се шетаат припадници на ИСИС

Новинарот Љупче Златев вечерва е гостин на Канал 5 каде изнесе тврдење дека биле амнестирани и борци на ИСИС.

-Во моментов во Скопје слободно се шетаат припадници на ИСИС. Со законот за амнестија тие десетина лица се пуштени на слобода, а само еден е во затвор. Каква трагедија е да ни се шетаат борци на ИСИС?, тврдеше Златев.

Сепак, Законот за аместија не ги опфаќа учесниците во странски војски. Со Законот меѓудругото, не се опфатени осуденици за:

-за кривични дела против државата (член 305-327) од Кривичниот
законик) каде што влегуваат: Велепредавство, Признавање на окупација,
Загрозување на територијалната целина, Загрозување на независноста,
Убиство на претставници од највисоките државни органи, Грабнување
претставници на највисоките државни органи, Насилство спрема
претставници на највисоките државни органи, Вооружен бунт,
Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста,
Диверзија, Саботажа, Шпионажа, Оддавање државна тајна, Повикување
на насилна промена на уставниот поредок, Предизвикување омраза,
раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга
дискриминаторска основа, Повреда на територијалниот суверенитет,
Спречување на борба против непријателот, Служба во непријателска
војска, Учество во странска војска, полиција, паравоени или
параполициски формации, Помагање на непријателот, Здружување
заради непријателска дејност, Криење и помагање на сторител по
извршено кривично дело и Казнување за подготвување, Казнување за
најтешките форми на кривични дела;

Коментари

коментари