Читај » МАКЕДОНИЈА » Инцидент во Аеродром: Крвнички претепан Бранко Синадиновски

Инцидент во Аеродром: Крвнички претепан Бранко Синадиновски

Денес околу 14:30 часот, во полициската станица во населбата Аеродром е пријавено дека физички е нападнат Бранко Синадиновски, основачот на самопрогласена Верската заедница на православните Албанци во Македонија.

Според првичните информации тој е физички нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром. Причините и напаѓачите се сеуште непознати

МВР соопштија дека го истажуват настанот и мотивите за истиот.

Бранко Синадиновски стана познат за јавноста последниве години, по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија. Синадиновски по потекло е од Беличица, Горна Река, во регионот на Маврово во Македонија.

Коментари

коментари