Владата со нова одлука: Нема продажба на мерцедесот

Владата одлучи да го стави во мирување процесот на продавање на „мерцедесот“ до завршувањето на судскиот спор во кој може да се појави потреба да биде доказен материјал.

„Оваа одлука се носи со цел да се оневозможи избегнување одговорност на обвинетите во судскиот процес, каде што возилото е предмет на интерес“, соопшти Владата.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Пеце Мирчески, на прес-конференција на 28 февруари, пак, објави дека „мерцедесот“ ќе оди на продажба.

„Станува збор за „мерцедес-бенц“, тип „С 600“, со година на производство 2012 и со поминати 80 илјади километри. Сите заинтересирани што ќе сакаат да направат увид во состојбата на „мерцедесот“ тоа ќе може да го направат на 7 март. Почетната цена е 14 милиони, 372 илјади и 208 денари. Банкарската гаранција од 2 отсто од проценетата вредност на возилото е 287 илјади и 444 денари“, рече тогаш Мирчески.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!