Читај » МАКЕДОНИЈА » Џаферовски ја наследил ДЗС со долг од 70 милиони денари

Џаферовски ја наследил ДЗС со долг од 70 милиони денари

Директорот на Дирекцијата за зашитата и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски денес истакна дека од своето формирање до минатата година, оваа институција не успеала да го воспостави системот за заштита и спасување, а воедно наследил и долг од 70 милиони денари.

Тој информираше дека со неговото доаѓање на чело на Дирекцијата ги реактивирал 64-те тимови за брз одговор кои во моментов се на тренажа, а претходно постоеле, но само на хартија. За нив, појасни директорот, не била вршена соодветна пополна и опремување, ниту пак биле имплементирани и спроведувани стандардните оперативни процедури.

Во однос на капителните инвестиции во ДЗС, Џафероски рече дека во изминативе девет години инвестирани се нула денари, освен трите авиони за гасење пожар кои се набавени во 2009 година. Опремата што ја има Дирекцијата е од донации, но и таа била несоодветно чувана и употребувана.

Коментари

коментари