сабота, 23 февруари, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Чапаровски ја призна вината, доби условна казна од една година

Чапаровски ја призна вината, доби условна казна од една година

Нервохирургот Александар Чапаровски денес на првото судско рочиште, во кое беше обвинет за поткуп ја призна својата вина, при што веднаш беше донесена и пресуда.

Чапаровски доби условна затворска казна од една година, доколку во рок од две години не стори ново кривично дело. Воедно, неврохирургот не може да биде избран ниту за директор во следните две години.

На 31-ви мај минатата година, граѓанин во полиција пријавил дека Чапаровски побарал од него 1.000 евра за издавање на потврда, со која неговото малолетно дете требало да замине на лекување во странство.

При претресот во канцеларијата на поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, била пронајдена сума на пари од 30.000 евра.

Коментари

коментари