Пет дестинации каде луксузот е загарантиран

Поголемиот дел од луѓето за време на својот живот многу ретко можат да си приуштат патување на некоја егзотична дестинација. Тоа најчесто се остварува кога се одбележува некој значаен датум или меден месец. Доколку финансиски не можете да си дозволите, вистинските луксузни патувања се далеку од Вашата лига.

Во прилог Ви претставуваме 5 дестинации каде луксузот е загарантиран, бидејќи сепак фантазирањето е дозволно, а можеби ќе стане и реалност!

Венеција

Иако овој град е еден од најпосетените градови на светот, тоа е местото каде што лесно можете да потрошите пари. Доколку престојувате во Хотелот Даниели од 14 век кој нуди неверојатна глетка може да Ве чини 12.000 евра од ноќ.

Коста Есмералда

Престојот во Италија, на островот Сардинија, на 55 километри долгото крајбрежје на Коста Есмералда е местото каде доаѓаат најбогатите луѓе кои пловат со своите милионски вредни јахти и пристигнуваат до пристаништето на Порто Черво. Оваа дестинација е една од омилените на Елтон Џон, Линдзи Лохан и многу други славни личности. Хотелот Кала ди Волпе каде за ноќевање ќе платите 1400 евра.

Островот Хамилтон

Во 2009 година, тогаш 34 годишниот Бен Саутхал од Питерсфилд во Хемпшир, Велика Британија добил “работа од сништата”, на кој ги победил останатите 35.000 кандидати. Тој отишол на островот Хамилтон во Австралија и за плата од 70.00 фунти, шест месеци го чувал островот и за него пишувал блог. Овој остров е најголем на архипелагот и поседува аеродром за комерцијални авиони.

Макао

Макао е дестинација за оие кои ги сакаат игрите на среќа и коцкањето. 64 километри западно од Хонг Конг се наоѓа Макао, која е автономна кинеска територија која била под португалска власт сè до 1999 година. Откако се врати под власт на Кина, ова место е светска дестинација со огромни одмаралишта и казина како Хотелот Галакси и Казино.

Островот Сен Бартс

Овој остров се наоѓа на Малите Антили, а бил откриен во 1943 година од Кристофер Колумбо кој го именувал островот според името на неговиот брат, Бартоломеј. Островот го прославил Дејвид Рокфелер кој за прв пат дошол во 1957 година. Доколку сте во потрага по прекрасни плажи со бел песок, тиркизно море и луксузен шопинг овој дел од Карибите е дефинитвно создаден за Вас.

Коментари

коментари