Која е најповолна земја за „копање“ биткоин?

Во текот на викендот продолжи да паѓа вредноста на биткоинот, која сега е под 10.000 долари, етерумот вреди 843 долари, додека рипле и натаму е под еден долар.

Биткоинот има опаѓање од 110 долари на ден, па моментално вреди 9.452 долари и има тенденција уште да опаѓа. Оваа вредност пред се се должи на фактот што централно-азиската земја Узбекистан соопшти дека го прифаќа биткоинот и другите криптовалути.

Воедно, токму во Узбекистан трошоците за „копање“ се најниски, затоа што оваа земја сама произведува електрична енергија. „Копањето“ на еден биткоин чини 1.790 долари, a Узбекистан е еден од најголемите производители на електрична енергија во светот.

Претходно на инвеститорите итно им беше советувано да го избегнуваат „играњето со ајкули“, тргувајќи со криптовалутите, затоа што на овој пазар, како што споменаа, нема безбедност бидејќи ништо не е регулирано.

Коментари

коментари