Читај » МАКЕДОНИЈА » Грчките медиуми „вријат“: Заев стави вето за промена на Уставот и за име без превод

Грчките медиуми „вријат“: Заев стави вето за промена на Уставот и за име без превод

Премиерот на државата, Зоран Заев вчера имаше интервју за грчката телевизија „Еуроњуз“ каде меѓудругото зборувал и за најактуелната тема во двете држави, промената на името на Република Македонија.

„Грчки дипломатски извори се прашуват која е намерата на јавните споменувања од скопската страна на прашањата за кои се преговара, потсетувајќи на неодамнешната изјава на германската канцеларка Меркел дека тоа е дипломатска уметност и за тоа не треба да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати. Верувам дека јавните изјави повеќе може да му наштетат, отколку да му користат на процесот“, објавува „Еуроњуз“ во текст, што го споделува заедно со вчерашното интервју на премиерот Заев.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчките медиуми, пак, ги пренесуваат двете вчерашни интервјуа на македонскиот премиер за „Шпигел“ и за „Еуроњуз“, ставајќи го акцентот на пораките дека не е потребна промена на Уставот и дека не се согласува името да биде без превод.

Коментари

коментари