недела, 15 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » ВИДЕО: Изјавата на покојниот претседател Борис Трајковски за бегалците

ВИДЕО: Изјавата на покојниот претседател Борис Трајковски за бегалците

Пред 14 години на 14. февруари, во билизна на Мостар, БиХ, загина тогашниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, заедно со својот тим и екипажот.

Во својата кариера, Трајковски го одбележа периодот во 1999 година, кога земјата се соочи со наплив од 360.000 косовски бегалци, поради војната која беснееше во оваа тогашна српска покраина.

Пред да седне на претседателската фотелја, како заменик министер за надворешни работи, Борис Трајковски ја даде оваа легендардна изјава, за која многумина посочуваат дека помогнала во неговата кандидатура за шеф на државата.

„Слушам на CNN дека стално кружи, да не кажам за мене и увредлива констатација, дека ова е срам за Македонија. Ова е срам за меѓународната заедница. Никој од вас не прашува кои се проблемите на оваа влада и на оваа држава. Многу убаво од далеку, од Шведска ги следите настаните. Јас ќе ви предложам нешто конкретно, пратете 100 авиони на скопскиот аеродром и пренесете ги во Стокхолм“.

Коментари

коментари