вторник, 22 октомври, 2019
Читај » СВЕТ » Американскиот амбасадор Бејли посочи на недостатоци во судството

Американскиот амбасадор Бејли посочи на недостатоци во судството

Американскиот амбасадор Џес Бејли овој пат упати критика за работата на судовите и Советот на јавните обвинители.

Тој не е изненаден што судовите во земјава уживаат најмалку доверба. Сериозни судски предмети се обвиени со мистерија, забележа Бејли, сугерирајќи и на конфликт на интереси при назначувањата во Советот на јавните обвинители, откако на седница на крајот на минатиот месец за обвинителка во обвинителството за организиран криминал беше избрана внуката на претседателот на Советот Коле Штериев, а на истата седница за обвинител во тоа обвинителство не беше избрана Лидија Раичевиќ која отвори предмет за перење пари за сопруг на член на Советот.

„Советот на јавните обвинители назначи прераспоредувања во јавното обвинителство. И еден член на Советот учествувал во носењето одлука за реизбор на обвинител. А тој обвинител ја истражувал близок член на семејството на тој член. Учеството на тој член на Советот во одлуката претставува чист конфликт на интереси“, истакна Бејли.

Реформата во судската сфера за која со месеци се зборува, но многумина забележуваат дека не ја гледаат, според правни експерти, се чини е заглавена од политички пречки. Моменталниот застој е резултат на целокупната состојба во земјава но и на избегнувањето на опозицијата да ги поддржи законите за кои е потребно 2/3 мнозинство во Парламентот, смета поранешниот судија на Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска.

Коментари

коментари