петок, 29 септември, 2023

Заев најави кривични пријави и истраги против своите министри и директори

Премиерот на државата, Зоран Заев на прес-конференција најави и нагласи дека е можно да се случи реконструкција на владата, поради окрупнување на парламентарното мнозинство.

„Ако се случува незаконско работење, тука нема реконструкција, тука има кривични пријави, истраги пред обвинителството и готово. Се работи за еден преглед на сите резултати и активности во еден пресек од 10 до 12 месеци, каде што можеме да видиме дали сме задоволни, пред се граѓаните, и сите ние прво одговорни, кои што очекуваме граѓаните да дадат свој коментар за луѓето кои ги поставиле на овие високи и оговорни извршни функции“, истакна Заев.

Со овие најави, Заев уште еднаш им порачува и на своите најблиски соработници да бидат внимателни и да работат во интерес на граѓаните на државата, во спортивно можат да се носат со последици.

Коментари

коментари