петок, 29 септември, 2023

СДСМ: Криминалот на ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во економијата

Во најновото соопштение на владејачката СДСМ, во однос на економијата, порачуваат дека во 11-годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ е направен голем пустош, кој наскоро ќе се среди.

Во продолжение следува и целосното соопштение на СДСМ:

11-годишното расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави пустош во економијата.

Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се причината за предизвиците со коишто денес се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување.

Граѓаните можат да бидат спокојни, Владата предводена од СДСМ презема низа на мерки за санирање на штетите, стабилизација и одржливост на Фондот. Владата се грижи за сегашните и идни пензионери, исплатата на пензиите ќе продолжи редовно и навремено.

За Владата предводена од СДСМ одржливоста на пензискиот систем е приоритет и затоа преку економските политики и Планот за економски раст, се обезбедуваат нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати и економски развој, мерки преку кои ќе се стабилизира состојбата со ПИОМ. На тој начин, зголемувањето на старосната граница за одење во пензија нема да биде потребна.

Коментари

коментари