понеделник, 23 септември, 2019
Читај » СВЕТ » Русија ги распореди своите авиони од 5-та генерација Су-57 во Сирија

Русија ги распореди своите авиони од 5-та генерација Су-57 во Сирија

Русија деновиве во Сирија распореди додатни 2 Су-57 (ПАК ФА, прв руски борбен авион од петтата генерација), додатни 4 мултифункционални Су-35С, 4 Су-25СМ, 1 А-50У, авион за воздушна контрола и откривање, и 1 Ту-154, патнички авион за превоз на пилотите и на техничкиот персонал.

Додатните авиони кои што деновиве слетаа на рускиот воен аеродром Хамнеи во Латакија, Сирија, имаат за цел да обезбедат доминација во воздушното пространство на Сирија и да ја подржат офанзивата на владините трупи во Источна Гута во околината на Дамаск, последното упориште на бунтовниците во провинцијата Дамаск.

Сирија ќе бида одлична можност за испитување на новите Су-57, кои се очекува во текот на оваа година официјално да бидат примени во составот на руските воено воздушни сили. Во текот на нивната примена во Сирија се очекува да бидат откриени сите недостатоци и предности на авионот, како и да бидат испитани широк спектар на нови бомби и ракети, и авиониката на авионите.

Нивната примена во Сирија ќе биде одличен меркетинг и реклама пред потенцијалните купувачи на овие борбени авиони од петтата генерација. Нивната цена се движи од 100 до 120 милиони долари за авион, во зависност од авиониката и видовите на оружје.

Коментари

коментари